Од денес Димитар Костадиноски започна да ја извршува функцијата градоначалник на Општина Јегуновце. Тој вчера го доби уверението од Општинската изборна комисија Јегуновце дека е избран за градоначалник, по што денес во градоначалничкиот кабинет беше извршено симболично примопредавање на функцијата со средба на двајцата противкандидати.
-По преземањето на функцијата од страна на досегашниот градоначалник Дарко Блажески новоизбраниот Димитар Костадиноски се заблагодари на укажаната доверба и изрази уверување дека ќе биде градоначалник на сите жители на Општина Јегуновце, како и тоа дека ќе работи одговорно,чесно и транспарентно. Блажески му го честиташе новиот четиригодишен градоначалнички мандат и посака успеси во работењето и реализирање на сите проекти што ќе бидат во интерес на граѓаните, информираат од Општина Јегуновце.
Костадиноски победи уште во првиот круг со 2.412 гласови или 50,40%. Блажески имаше 1.976 или 41,29% од гласовите.
ас