• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“

Панел дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“ се одржа во зградата на општина Тетово во организација на Локалниот младински совет.

17/02/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Панел дискусија на тема „Говорот на омраза и неговите ефекти врз поединците и врз младите“ се одржа во зградата на општина Тетово во организација на Локалниот младински совет. Беа презентирани три теми:  „Говорот на омраза во поглед на безбедноста“, „Сајбер насилство и говор на омраза врз жените“ и „Говор на омраза во средните училишта“.

-На локално и глобално ниво е важно да се зборува на оваа тема и да се едуцираат младите за последиците со оглед дека така може да се добијат резултати. Во периодот од 2014-2020 според официјални податоци на институциите кои следат говор на омраза во Тетово има само 8 случаи, или 1, 12 % од сите 660 пријавените случаи. Ние како локални институции работиме со училиштата, универзитетите и институциите на превенција со цел да се сузбие оваа појава, изјави Ахмед Ќазими, од секторот за јавни дејности при општина Тетово.

Арта Селмани продекан на Правен факултет, Универзитет на Југоисточна Европа во својата презентација зборуваше за сајбер насилство и говор на омраза врз жените.

-Има случаи но пријавени се малку. Жените не секогаш го пријавуваат насилството особено на интернет. Во случајот „јавна соба“ атакот беше врз младите девојки кои имале постирано фотографии на интернет.  Треба да се пријави говор на омраза зошто е кривично дело, во секторот за компјутерски криминал при МВР. Ги советувам младите добро ја согледуваат онлајн содржината и да ги пријавуваат случаите до администрацијата на интернет страниците, истака Арта Селмани.

По претставување на презентациите, присутни поставуваа и прашања до претставниците на институциите.

A.C

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

„Мие у Тетоо“ филм за соживотот раскажан од верските лидери

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.