• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Додека имало претрес се обидел да ја проголта дрогата

Неколку полициски акции ноќеска во Тетово.

15/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На 14.02.2020 во периодот од 19.00 до 20.40 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на К.А.(21) во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени неколку пакувања со прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот, против К.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2020 во периодот од 16.15 до 17.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот и помошните простории на С.И.(22) во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и најлонска кеса со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот, против С.И. биде поднесена соодветна пријава.

На 14.02.2020 во периодот од 15.15 до 17.45 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со полициски службеници со  службено куче од Единицата за службени кучиња, извршиле претрес во домот и помошните простории на M.Л.(35) во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, воздушна пушка „Дијана“ без сериски број, шест куршуми калибар 7,62мм и една запалка за рачна бомба. Пред започнување на претресот, во дворот дошол и С.И.(22) од Тетово, кај кого подоцна, исто така, бил извршен претрес и, откако полициски службеници се обиделе да извршат преглед над него, во устата ставил неколку ќесички со марихуана и бела прашкаста материја. Полициските службеници успеале да извадат дел од нив, додека дел ги проголтал, по што бил пренесен во Клиничката болница Тетово. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Во периодот од 23.00 часот на 14.02.2020 до 02.30 часот на 15.02.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле контрола во угостителски објект на ул.„Страшо Пинџур“, сопственост на А.Б.(42). Притоа, во објектот биле затекнати две македонски државјанки и осум странски државјанки, сместени во објектот. Сите странски државјанки поседувале Потврди за пријава на работна дејност од Агенција за вработување и Согласност за регулирање на престој на странец од Министерство за економија. На сепарето каде што биле сместени лицата биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Сите 10 лица се приведени во СВР Тетово и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.    

 

Тагови: акциидрогаконтрола

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Обука како партиите повеќе да ги вклучат лицата со хендикеп во политичкиот живот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.