• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Доделени наградите за најдобрите производители на мед на натпреварот во Тетово

05/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Повеќемесечниот меѓународен натпревар за квалитет на мед „Тетovo Honey Awards 2021“ заврши со одлука за најдобрите производители и нивно наградување, но без пригодна манифестација поради пандемија. Сите дипломи, медали и пехари организароторите им ги доставија на победниците преку пошта.  На натпреварот учествуваа пчелари од 22 држави од три континенти со вкупно 355 мостри на мед и други пчелни производи.

-Поради пандемијата од Ковид19 и воведените протоколи и оваа година за жал на сите учесници се одлучивме да не се организира манифестација за доделување на медалите, односно истите се достават на сите учесници преку брза пошта. Овој натпревар се карактеризираше со големо присуство на мед од медлика, но изостанаа медот од сончоглед, уљена репица како и висока планинска ливада од која имаше многу мал број на мостри, информира Владимир Петровски, еден од организаторите.

На годишниов натпревар беа доделени шест шампионски титули за групи на медови во кои имаше пристигнато примероци од повеќе од десетмина учесници (за да се додели шампионска титула потребно е да има повеќе од 10 мостри од еден вид на мед).

-Така овогодишните шампиони на – ,,Тетovo Honey Awards 2021,, се: Владимир Трајчевски од Ресен – Македонија за мед од медлика, Џемил Адеми од Скопје – Македонија за цветен мед, Пчеларство„Салај“ од Улцин-Црна Гора за костенов мед, Срѓан Николиќ од Власотинце – Србија за багремов мед, Пчеларство “Граинца“ од Урошевац-Косово за ливадски мед и Гезим Халими од Корча-Албанија за мед од детелина, изјави Петровски.

Ова беше третиот меѓународеннатпревар за квалитет на мед-„Тетovo Honey Awards 2021“ кој е организиран од страна на здруженијата на пчелари „Полошки Мед“ и „Градот на пчелите“ во пaратнерство со Факултетот за прехранбена технологија и исхрана при Универзитетот во Тетово. Како и секоја година собраните примероци на мед во декември беа поделени на ученици во Тетовско и Кичевско 

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Непрооден патот до тетовското село Луковица поради неотстранетата снежна покривка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.