Здруженијата „Град на пчелите“ и „Полошки мед“ информират дека се избрани победниците по категории во рамки на Вториот меѓународен натпревар за квалитетот на медот „Tetovo Honey Awards 2020“. Овој натпревар се одвиваше така што од 15 септември до 15 октомври се собираа примероци мед, на 31 октомври се одржа органолептилчка анализа на мострите, а потоа имаше две недели испитување на медот во лабораторија.
-На натпреварот покрај медалите и сертификатот за квалитет на мед доделени се и пет пехари во исто толку категории и тоа: во категорија мед од медлика ја освои Игор Најдов од Кавадарци; во категорија планинарска ливада ја освои пчеларник „Мелија“ од Тетово; во категорија костенов мед ја освои Еуген Скермо од Албанија, во категорија багремов мед ја освои Мирослав Тирнаниќ Мирослав од Србија и во категорија ливадски мед ја освои Генц Цакаја од Косово, информира Владимир Петровски од здружението „Полошки мед“.
Собраните колични мед како и минатата година ќе бидат донирани.
-Собраниот мед ќе биде дониран во неколку училишта за деца со посебни потреби како и деца со оштетен вид, како во Македонија така и во Албанија, Србија и Косово. Поради пандемијата не се одржа манифестација , па затоа ги посетивме дел од пчеларите, информира Петровски.
Ова е втор по ред меѓународен натпревар за квалитет на мед”Tetovo honey Awards 2020″ со учество на вкупно 370 пчелари од 17 држави.
А.С