• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Дождот спречи шумски пожар да стигне до Долна Лешница во Тетовско

Селото Долна Лешница во општина Желино во петокот навечер ја избегна опасноста шумски пожар да ги опфати првите куќи во населбата. Интервенциите на пожарникарите во текот на изминатите денови како и дождот што почна да врне во петокот навечер значеја целосно гаснење на огнот кој избувнал на падините на планината Сува Гора

07/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

 

Селото Долна Лешница во општина Желино во петокот навечер ја избегна опасноста шумски пожар да ги опфати првите куќи во населбата. Интервенциите на пожарникарите во текот на изминатите денови како и дождот што почна да врне во петокот навечер значеја целосно гаснење на огнот кој избувнал на падините на планината Сува Гора.

-Шумскиот пожар избувна уште пред три дена високо на планината Сува Гора од правец на Стримница. Со возила не ни можевме да пристапиме.  Дел од пожарникарите со персоналната опрема со вода во раце и други материјали се обидуваше да го изгасне огнот. Со возила се гасеше веќе кога се приближи до селото Долна Лешница.  Во текот на петокот сепак успеавме да го локализираме пожарот. Околу 19 часот започна да врне со што целосно се изгаси оганот на сите места и опасноста беше отстранета, информира Ука Алити, командир на тетовската територијална противпожарникарска единица.

Командирот информираше дека во текот на неделата имале уште 5 интервенции на отворено.

-Во сите случаи причина е човечкиот фактор, што од негрижа или невнимателсност. Треба да се избегнува да се пали оган на отворено и да се фрлаат неизгасени отпушоци од цигари, вели Алити.

Поголеми интервениции на отворено во шумски предел пожарникарите имале и во реонот на Голема Речица.

Тагови: дожддолна лешницапожар

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Осум дена притвор за двајцата браќа за нападот врз лекарот во тетовската болница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!