• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Домаќинот на опожарената куќа во Колтук бил спасен од соседите

Општина Тетово ќе помогне на граѓаните кои претрпеа штета во пожарот во населбата Колтук, најави градоначалникот Биљал Касами кој синоќа беше таму за да види каква е ситуацијата по гаснењето на огнот.

29/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дел од жителите на Колтук по соземањето од пожарот споделија што се случувало вчера. Така Ангела Андоновска до редакцијата на Тетово инфо испрати допис во кој вели дека сопственикот на куќата додека траел пожарот бил се уште внатре и бил спасуван од негов сосед.

-Херој! Во страшниот пожар кој изби во Тетово, по кобни поминати часови слушајќи плач и вресоци, јавно сакам нешто да се истакне. Ќе зборувам за храброст.За спасител кој изговоти : ,, Или двајцата ќе излеземе, или никој!”и спаси еден живот. Момче од 25 години, чиј живот допрва доаѓа рипна во бесниот оган и го спаси човекот.Станува збор за лице М.М кој живее во соседството на лицето чија куќа беше пламеносана.Заслужува да се спомне и величи зашто дур мајка му ридаше дека жив ќе изгори, тој само мислеше на жртвата, вели Ангела Андоновска.

Општина Тетово ќе помогне на граѓаните кои претрпеа штета во пожарот во населбата Колтук, најави градоначалникот Биљал Касами кој синоќа беше таму за да види каква е ситуацијата по гаснењето на огнот.

-Загрижен од пожарот кој зафати неколку куќи во населбата „Колтук“, затоа веднаш излегов на лице место за да ја увидам ситуацијата. За среќа нема повредени, а станува збор само за материјална штета. Сакам да се заблагодарам на Територијалната противпожарна единица која навреме интервенираше и го локализираше пожарот без поголеми последици.Наскоро ќе им помогнеме на граѓаните кои настрадаа од овој пожар, објави градоначалникот Касами.

Вчера полицијата соопшти дека сопственикот на куќата И.С (50) добил изгореници. Од СВР Тетово денес соопштија дека во текот на денот ќе се врши увид на местото на пожарот за да се утврдат причините. Пожарот кој започнал околу 19 часот бил целосно изгаснат вчера во 22 часот и 10 минути.

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Деновите од викендот значат најмногу работа за ски патролата за спасување на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.