• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ДОМ со три предлози за заедничка зелена агенда со ДУИ во Тетово

08/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на општинската организација на Демократска обнова за Македонија (ДОМ) во Тетово, Валентин Тасески на прес-конференција посочи дека неговата партија има идеи и предлози за соработка со ДУИ во поглед на најавената зелена агенда, особено за Тетово. Идеите се насочени кон градот затоа што Тетово долги години е на врвот на листите како најзагаден град, а воедно и кон Шар Планина поради хидроцентралите.

-За да се покаже озбилноста на одлуката, ќе ни биде драго ако почнат од себе па предлагаме да најдат начин да ги пасивизираат своите досега најистурени членови што министри што градоначалници кои требаше да бидат авангарада во нивната партија за решавање на еколошките проблеми. Вториот предлог е овој наш пилот проект кој треба да помогне да се симне нашиот град од листата на најзагадени градови во светот и со ова ја означуваме уште ја потенцирам почетокот на зелената урбана офанзива која ќе биде во центарот на неодамнешната иницијатива зелен круг. Пилот проектот е во склад со изработената студија за управување со цврст отпад во полошкиот регион, се однесува и го решава примарното и секундарното селектирање во градскиот најурбан блок Ајдучко маало. А бидејќи е практичен и универзален ќе му го предложиме официјално и на министерот и градоначалничката, брзо да најдат сила да ни помогна да се аплицира и уште поброз да се мултиплицира, изјави Валентин Тасески, инаку и член на централниот одбор на ДОМ.

ДОМ предлага и заедничка зелена офанзива на Шара каде би прекинале градбите на малите хидро-електрични централи.

-Третиот предлог т.е  барање е до министерот од кој бараме итно без многу студиско теоретизирање да ја допре изграбата и да се завземе за отстранување на малите хидро централи од нашава Шара и од целата држава, што е светски тренд во сите земји кои ја осетија и воочија нивната штетност. За да нема обиди да се каже дека нема средства нели, еве однапред ќе предложиме средства за таа намена, бидејќи ќе биде поврзана со трошоци да се изнајдат од нашиот традиционален и трошкаџиски ребаланс на државниот буџет кој веројатно во текот на летото или есента ќе биде на сцена, рече Тасески.

Пилот проектот за селектирање на примарно и секундарно ниво е подготвен како документација што Тасески сака да ја презентира кај градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Го нема деценискиот белег на тетовската гимназија сликата „Образование“ на Павле Кузмановски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!