Амбасадорот на Бугарија Ангел Ангелов во Општина Тетово разговараше со градоначалничката Теута Арифи, а при тоа од амбасадата беше доставена донација кој локалната самоуправа ќе ја распредели. Станува збор за заштитни медицински одела како и за хуманитарни пакети со храна.
-Се заблагодарувам на градоначалнилката за соработката, инаку ние се познаваме од пред десетина години. Донираме заштитни одела за медицински лица кои може да се користат 50 пати. Тоа се 14 специјални одела кои може да се користат до 50 пати тоа се 700 работни дена за лекарите на првите линии во соочувањето со Ковид-19. Доделивме хуманитарни помош во храна за 30 социјално слаби семејства за кои чија распределба ќе одлучи општината. Зборуваме да продолжи нашата соработка и во иднина околу дневен центар за деца со аутизам за да може да покажеме нашата солидарност кон народот и децата кои се соочувате со овој проблем, изјави по средбата амбасадорот Ангел Ангелов.
Градоначалничката Теута Арифи истакна дека позитивниот гест на амбасадата е значаен во тешки времиња како сега во соочување со Ковид-19.
-Сакам во име на граѓаните да се заблагодарам бидејќи се работи за тешки времиња и дека цел свет се соочува со истите тешки времиња и екононски и во соочување со вирусот. Оваа поддршка и помош ние е многу важна имајќи во предвид фактот дека за да помогнете во време кога и вие сте во потешкотии значи да одвоите од себе за да бидете солидарни со другите. Во процедура сме на формирање на уште еден центар за помош и поддршка за деца со аутизам што е многу важно за политиките на општина Тетово но и важно како поддршка, истакна Теута Арифи.
Заштитните медицинска одела ќе бидат донирани во Клиничката болница во Тетово.
А.С