• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
четврток, 18 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result





Home Вести

Дополнителните анализи покажале дека безбедна е за пиење водата во Тетово   

04/11/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp
Водата за пиење во Тетово е безбедна за користење покажале дополнителните испитувања на Центарот за јавно здравје по појавата на невообичаен вкус и мирис пред два дена.

Од таму велат дека сега водата за пиење може да се користи без ограничувања.

-Препораката да не се пие се повлекува. Поради исклучување на дотокот од новиот водоснабдителен систем имаше недостаток во поедини делови од градот. Од попладневните часови водата од новиот систем постепено ќе биде вклучена но овој пат само од река Пена, а не и од Лешничка река, информира д-р Ратко Давидовски од Центарот за јавно здравје.

Веќе петта година се случува во периодот октомври-ноември да има ваква промена кај водата која добива невообичаен вкус и мирис.

Испитувањата покажаа дека  непријатниот мирис и вкус доаѓа од вегетацијата, осносно најмногу од лисјата од дрвата што паѓаат во зафатот на водата кај месноста Лешница. Притоа доаѓа до нивно распаѓање кое го создава непријатниот вкус и мирис.

Центарот секојдневно прави контрола на квалитетот на водата во градскиот водовод. Оваа појава минатите години се надминуваше и со засилено хлорирање, а според досегашните искуства непријатниот мирис и вкус исчезнуваше за неколку дена.

И во светската теорија и пракса, постојат вакви примери кога се користат површински води, како што е со новиот водоснабдителен систем кој зема вода од планинските реки. Озонирање или користење на јагленов филтер е можноста да се отстрани непријатниот мирис и вкус.

ас

Поврзани објави

Вести

МТСП: 20 aвгуст (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуше, Центар Жупа и Тетово

18/08/2022
Вести

Д-р Ратко Давидовски : Со своето искуство, волја и знаење ќе дадам свој придонес за поздрав и почист град Тетово

18/08/2022
Вести

Унија на млади сили при ВМРО ДПМНЕ Тетово монтираше нови кошеви, се одигра и турнир во баскет

17/08/2022
Вести

Игор Здравковски: Во сабота потребно е сплотување на сите, за враќање на достоинство и подобра иднина на младите

17/08/2022
Вести

Тимчо Муцунски: Поддршка за Ангел Карапетров, време е тетовчани конечно да добијат проекти и промени какви што заслужуваат 

17/08/2022
Вести

Миле Лефков: Oвие луѓе покажаа дека знаат како да се работи во интерес на Тетово, гласајте за ВМРО ДПМНЕ

17/08/2022
Следна објава

Првиот Центар за нови вештини „SkillsNext“ почна да функционира на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.