• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 28 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Досега во тетовските основни училишта запишани 849 првачиња

Од нив 705 во настава на албански јазик, 134 на македонски и десет во турска настава.

14/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Раководителот на Секторот за јавни дејности при Општина Тетово Назми Даути на прес-конференција информираша за состојбите во училиштата за упис на првачиња и во средношколската настава. 

Според него, првичната бројка на деца кои се запишале во основно образование може да се зголеми кога родителите ќе имаат можност да ги соберат сите документи за упис, бидејќи немаат термини за прегледи на очи и на стоматолог.

-Според податоци добиени од Управа за водење на матични книги до Сектор за јавни дејности, деца кои треба да се запишат во прво одделени се родени во 2016  и деца кои се родени до 31.1.2017.- тоа се бројка од 1416 деца. Но знаеме дека многу од нашите деца се иселуваат и дека нема сите да се запишат. До денес 849 се запишани во прво одделение. Од нив 705 во настава на албански јазик, 134 на македонски и десет во турска настава, изјави Назми Даути.

Според Даути основно училиште 1086 завршиле од кои 861 на настава по албански јазик, 202 на македонски јазик и сто на турски наставен јазик.

-Директорите на средните училишта немаат пристап во системот за да можат да погледнат колку учениците се запишани во нашите средни училишта. Тој податок нашите директори или ние како Сектор за јавни дејности ќе може да го добиеме во 15 јуни после 15 часот кога од страна на МОН ќе може да имаме пристап во системот и нашите директори да знаат колку ученици се запишале во првиот рок на запишување. Ако имаат проблеми при пријавување на нивните деца во онлајн систем да се обраќаат до основните училишта да ги земат акаунти да се логираат и да се пријават во средните училишта. Помош може да имаат и во средните училишта, изјави Назми Даути.

Тој потсети дека  учениците ќе имаат можност на 16 и 17 јуни документите да ги достават до средните училишта со физичко присуство. Вториот рок за запишување на ученици во средните училишта ќе биде на 21 и 22 јуни, исто така на 23 и 24 има предвидено достава на документи со физичко приуство. Третиот рок е на 28 јуни, а достава на документи од 29 јуни после 15 часот. 

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

27/01/2023
Вести

Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“- Тетово го одбележа празникот Свети Сава

27/01/2023
Вести

Тетовчанец и четворица велешани приведени поради сексуално злоупотребување на малолетничка и изготвувале порнографски материјал

27/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Следна објава

Прием во Општина Тетово за Македон Димитровски второоделенец кој доби златен медал на натпреварот „Математика без граници“

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.