• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

До денес нема британски сој на Ковид во тетовско, 53 медицински лица досега вакцинирани

22/02/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

КОВИД центарот при тетовската болница нема добиено информации до денес за постоење на британскиот сој на коронавирусот меѓу заболените во регионот на Тетово, информираат од оваа јавна здравствена установа. Според координаторот во Ковид-центарот, д-р Гзим Нуредини брисеви се пратени во соодветна лабораторија на Македонската академија за науки и уметности (МАНУ).

-За постоење на британски сој немаме се уште таква информација од МАНУ, а  имаме пратено брисеви таму и чекаме од нив да не информираат. Во случај да има ќе не информираат веднаш. Но сите овие мерки важат за сите видови Ковид-19. Сега има информации дека тој сој за 10 пати е позаразен и плус и подраматична клиничка слика има, со проливи повеќе, со гастроинтестинални симптоми. Значи сој со кој треба да сме претпазливи, изјави Нуредини.

Во саботата во Скопје вакцинирани се вработени лекари и медицински сестри од клиничка болница Тетово кои се најизложени и работат со КОВИД-19 пациенти.

др Гзим Нуредини -Имавме етапно вакцинирање за вработени од црвена фаза кои дејствуваат во ткн. „црвена зона“ директно работа со Ковид пациенти. Во сабота 53 вработени се вакцинирани во Скопје, има и такви кои не сакале да бидат вакцинирани. Следува вакцинација и на здравствени работници од ткн. портокалова фаза, рече докторот.

Во тетовската болница сега има 14 хоспитализирани пациенти со КОВИД-19. Од нив  8 се во потешка здравстена состојба. 

-Голем број од нив се со други болести со шеќер, хипертнзија, белодробни болести, мултидисциплинарниот пристап е неопходен. Амбулантски прегледи имаме околу 35-40 дневно, не е намалена бројка, новозаболени според бројките на Институт за јавно здравје е околу 10 до 20  дневно. Да не бидат скептици луѓето за вакцинација, да не се плашат и да ја прифатат како начин да се избориме со болеста, изјави докторот.

Монтажната модуларна болница за ковид пациенти е готова и според докторот остануваат уште некои административни процедури пред да се пушти во употреба. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Отежнато водоснабдувањето во Тетово, дефект на главен цевковод на новиот систем

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!