Тетовските пожарникари одлучија да ги прекинат секојдневните протести до крајот на оваа недела и поднесоа барање до градоначалничката Теута Арифи да се оствари средба во овој период со цел да се реализираат нивните барања. Доколку неделава нема напредок тие најавуваат порадикални протести.
-Од денес ги прекинуваме протестите се со цел да видиме дали општината ќе сака да разговара со нас. Ние сакаме да разговараме со општината. Сакаме преговори, мирно решавање на спорови, за барањата кои се покриени согласно закон. Протестот денес е завршен, наредните денови нема да има, до петок бараме средба со градоначалничката и тимот со неа. Со тоа што доколку не направиме средба заклучно со петок, од понеделник, продожуваме со друг протест. Тогаш излегуваме на улица,изјави Горан Ристевски, претседател на гранковиот синдикат на пожарникарите при независниот синдикат на државната администрација.
Тој потенцира дека пораншените средби со градоначалничката вродиле со плод но сега има повторно потреба од надминување на проблемите.
-Мора да се се стави графа во пресметки на плата за прекувремена работа. Не сакаме да водиме војна го бараме она што ни следува со закон. Ние сме имале успешни средби покачување на плата и здравствени прегледи кои се законски. Претходно имавме и сидникално организирани 52 тужби но за волја на вистината отидовм спогодбено да ги решиме да немаат двете страни трошоци согласно мирно решавање спорови, истакна Ристевски.
Тој посочи дека оставрил телефонски разговор со советник на премиерот со кого дискутирале за надминување на проблемите кај пожарникарите.
-До општините постојат блок-дотации од Министерство за одбрана кои се зголемени за 20 % . Ако не се искористат треба да се вратат. Истите се по основа на закон за пожарникарство. Ние имаме иницијатива и правилник тие средства да се исплатат за пожарникарите затоа што се предвидени за нив, рече Ристевски.
Пожарникарите одржаа протести во петокот и вчера во кругот на тетовската територијална против пожарна единица
А.С