Граничниот премин Јажинце на границата помеѓу Македонија и Косово околу новогодишните празници бележи дневна фреквенција до 2000 лица кои влегуваат и излегуваат од нашата држава. На првиот ден од 2021 година имало 1547 лица кои излегле или влегле во Македонија од тој граничен премин. Во неделата за 24 часа се бележат 1999 луѓе кои излегле или влегле во Косово.
-За 24 часа на 1 јануари 2021 од 1547 луѓе кои излегле или влегле во државата, 1030 се државјани на Македонија, додека 517 се странски државјани. Во текот на вчерашниот ден од 1999 граѓани, 1406 се наши државјани додека 593 се странски државјани, информира Жарко Трпевски, командир на граничен премин Јажинце.
На првиот ден од 2021 од 1030 македонски државјани 464 влегле, а 566 излегле од државата. Вчера од 1406 лица 610 влегле додека 796 излегле.
Во октомври кога беше овозможено влез и излез без ПЦР тест на преминот се евидентирани и над 3000 преминувања на границата.
А.С