• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Драган Давидовски од ВМРО НП повторно со предлог заедничка македонска советничка листа за Тетово

10/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Драган Давидовски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО Народна партија Тетово во пресрет на локалните избори на есен смета дека повторно е време да се направи заедничка листа на Македонците со кандидати за советници во Советот на Општина Тетово. Негова оценка е дека така Македонците ќе се заштитат од одредени политички процеси и структури.

-Лично мислам дека за Македонците е дојдено за заедничка листа на советниците да направат, затоа што е политички момент и политички случувања како нон-пејпери и слично е време Македонецот да се вразуми. Целта е Македонците да не ги преспијат значајни моменти во историјата и политиката,како војни и политички пазарања. Затоа е потребно формирање на еден заеднички македонски политички блок или координатовно тело на Западна Македонија. Пример сега Македонци речи и да нема на владејачки позиции, а вака нема да се дозволи тоа да се случи, вели Драган Давидовски во изјава за Тетово инфо.

За оваа идеја Давидовски веќе еднаш се залагаше пред 12 години.

-ВМРО Народна партија во 2009 не наиде на разбирање и компромис за заедничка листа од другите партии. Доколку и сега не биде прифатлива за останатите македонски партии и сите одат со свои листи тоа ќе го направи и ВМРО Народна партија.  Веќе имаме двајца кандидати за носители на листи, а размислуваме и за две можности за кандидати за градоначалници. Јас не сум меѓу нив. Време е да се повлечам од претседателската функција и да бидам како како советник или аналитичар во општинскиот комитет. Веќе голем дел од работата е препуштена работата на останатите членови, вели Давидовски за Тетово инфо.

Давидовски беше советник во пет мандати во Советот на Општина Тетово.

 

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Тројца малолетници осомничени за намерното палење контејнери

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!