• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Драмското студио „Летечка театарска трупа“ со премиера на приказната за заспаната убавица „Трнорушка“

16/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Приказната за заспаната убавица „Трнорушка“ е најновиот предизвик за актерите на драмското студио „Летечка театарска трупа“. Премиерата на оваа театарска претстава за мали и големи деца ќе се одржи во вторник 17 мај во Центарот за култура „Иљо Антески Смок“ во Тетово, а реприза наредниот ден, среда.  Претставите започнуваат од 19 часот.

-Ова е бајка постара од 300 години за триумфот на љубовта над злото, приказна која не’ учи дека и од трње може да расцвета љубов. Се обидовме универзалната порака за триумфот на доброто над злото да ја испратиме до сите што ќе ја погледнат претставата, особено до најмладата публика, на едноставен, разбирлив и интересен начин. Претставата изобилува со живописни костими, сценографија и музика и едвај чекаме да ги слушнеме реакциите на публиката“, изјави режсисерот Владимир Јованоски.

Покрај премиерата, веќе следниот ден во среда (18 мај) ќе се одржи второ прикажување. Од Летечка театарска трупа велат дека интересот кај публиката е многу голем.

-Тетовската публика отсекогаш била жедна за културни збиднувања. Затворањето поради корона-епидемијата таа жед ја зголеми уште повеќе. Затоа сме ние тука, работиме и играме за нашата публика, да го вратиме театарот на нивото на кое беше претходно, па и повисоко“, додава Јованоски.

Оваа театарската претстава е поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Од Летечка театарска трупа велат дека имаат уште едно изненадување за публиката. На почетокот на јуни ќе биде прикажана театарската претстава „Последната битка“ на која веќе интензивно се работи.

Поврзани објави

Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Следна објава
МВР

Приведен 24 годишник поради најдена марихиуана

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.