• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Драмско студио Тетово се претстави со комедијата „Апо и ја“

09/04/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовската публика вчера имаше прилика да ја проследи комедија „Апо и ја“ од актерите при здружение на независни уметници Драмско студио Тетово. Вчера имаше пред-премиера, а вечерва од 20 часот и главната премиера во салата на управната зграда на Музеј на тетовски крај, поранешен Дом на АРМ. 

-Прво сум многу среќен што дојдоа многу луѓе и на тој начин „оживе“ овој простор како некогаш кога нашите родителите доаѓале тука. Со „Апо и ја“ премиерно ја отворивме театарската година во Музејот на тетовски крај. Претставата беше подготвувана 2,5 месеци,морам да ги пофалам сите петмина кои направија една феноменална претстава, изјави Игор Бачовски, режисер на претставата.

„Апо и ја“ е текст на Глигорије Стојановски и Лазар Саровски, кои исто така беа дел од актерската екипа. 

-Тоа е обична претстава за двајца браќа од рурална средина каде што секоја нивна дешавка е раскажана по 100 пати како кај рибарите.  На симпатичен и хумористичен начин се обидовме да направиме нешто интересно да го прифати публиката, изјави Лазар Саровски.

-Со посебен ентузијазам игравме затоа што одамна не сме настапиле, ни фалеше театар и нас и на публиката. Мислам дека дадовме максимум, со оглед дека публиката се смееше. Ние сме презадоволни. Инспирацијата е од еден поодминат живот во Тетово и Тетовско, со сарказам на дамнешни обичаи кои сега не постојат, со примеси на опфаќање на сегашноста и иднината, изјави Глигорије Стојановски.

Во останатите улоги настапија Наташа Петровска и Мирко Видоевски. 

ас

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Се расчистува опожарената куќа во тетовски Колтук, ќе се реновираат две соби со донации на граѓаните и помош од општината

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.