• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 27 јануари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Државна изборна комисија одреди на 20 август избори за Совет на Општина Тетово

21/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Државната изборна комисија на денешната седница донесе одлука изборите за Совет на Општина Тетово да се одржат на 20 август 2022 година, а болните и немоќни лица и сите други категории кои според Законот имаат основа да гласаат, ќе можат да го остварат гласачкото прабво ден претходно, на 19 август.

– Јавниот увид во избирачкиот список започнува од 1 јули и трае 20 дена, заклучно со 20 јули. Собирање потписи за независни листи на кандидати започнува од 30 јуни, и ќе трае 15 дена заклучно со 14 јули и истото ќе се спроведе во подрачното одделение на ДИК во Тетово. Доставувањето на кандидатските листи за кандидати за Совет на Општина Тетово, до Општинската изборна комисија е најдоцна заклучно до 15 јули до 00:00. Жрепката за редниот број на гласачкото ливче за листите за Совет за Општина Тетово, ДИК ќе ја спроведе најдоцна до 26 јули. Изборната кампања за изборите за Советот започнува на 31 јули во 00:00 часот и трае до 18 август до 00:00 часот, информираше Борис Кондарко, член на ДИК.

Кондарко соопшти дека политичките партии, односно овластените претставници на листи можат да предложат свои членови на избирачки одбори до 8 август, за што партиите ќе бидат претходно известени.

 

 

Поврзани објави

Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија поради планирани работи во петок 27 јануари 2023

26/01/2023
Вести

Синдикатот бара вонреден инспекциски надзор поради доцнење на платите кај пожарникарите и вработените во Општина Тетово

26/01/2023
Вести

СВР Тетово: Во 2022 година 850 лица казнети од 20 до 250 за недавање предност на пешаци

26/01/2023
Вести

Дваесет и седумгодишна тетовчанка пријавила каснување од бездомно куче

26/01/2023
Инфо компас

Општина Брвеница: До крај на месецот да се плати данок на имот, за да нема присилна наплата

26/01/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија

25/01/2023
Следна објава

Во недела во црквата Свети Спас во Долно Палчиште ќе има црковно-народен собир по повод прва недела од Петровденските пости

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.