По седницата на централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) пратеникот Артан Груби го пренесе ставот на партијата дека ќе одат самостојно на изборите на 12 април, а порача до опозицијата кај албанскиот политички блок да се обедини.
-ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно без коалции ниту со македонските ниту со албанските партии. Напротив ги повикуваме албанските партии во опозицијата да се соединат, да не изгубат Албанците гласови и потенцијал од пратеници во Собранието во нашата државата. Се надеваме дека тие ќе успеат да се обединат да не изгубат Албанците. Во секој случај тука е ДУИ која ќе ги добие избори и сметам дека ќе ги претставуваме така како што сме ги претставувале Албанците во изминатите 17 години во најдостоинствен начин,рече Груби.
На новинарско прашање околу информациите во јавноста дека во техничката Влада нема да има министри од ДУИ, Груби со одговор дека неговата партија е клучна за политичките процеси во Македонија без разлика на функциите.
-ДУИ беше определувачки фактор за формирање на ова парламентарно мнозинство. Таму каде што одлучи ДУИ таму се формира парламентарно мнозинство и оваа Влада. Гласовите на ДУИ беа пресудни за да се дојде до промена на името, договорот со Бугарија, јазичната еднаквост. И до судски реформи и членство во НАТО, затоа што така одлучи Али Ахмети и ДУИ. Заедно бевме тука на 29 јануари 2017 година кога ние донесовме таа одлука Македонија денес да биде пред вратите на НАТО со судски реформи со јазична еднаквост, со променето име, со променет Устав, со договор со Бугарија. За нас се небитни функциите, за нас како што ја гледаме оваа атмосфера во седиштето и во ограноците. Ќе ги добиеме апсолутно изборите на 12 април и ќе имаме слична ситуација како во 2016 со многу повеќе пратеници на ДУИ но со пресудна определувачка улога на Али Ахмети за следна Влада во Северна Македонија, рече Груби.
За препораките на претседателот Пендаровски да се почитуваат препораките на Венецијанската комисија, тој потенцира дека како ДУИ се спремни да разговараат за градење на капацитетите на институциите за имплементирање на одредби од законот за употреба на јазиците.
-Тоа го препопрачува Венецијанската комисија, да има капацитети во институциите. Ние сметаме дека има средства во државата да се створат тие услови и во судството и во сите други институции за да се имплементира тој закон, рече пратеникот од редовите на ДУИ.
Оваа седница на претседателството беше последна пред 4-тиот конгрес во сабота 21 декември.
-Денеска сите предлог листи за членови на генерално собрание, националниот совет, изборна партиска комисија, надзорен одбор и на постојаните членови на конгрес кои се дел од делегати на следниот конгрес. Во една славеничка атмосфера се гласаше, поддршка има од сите ограноци и ќе ги предложиме така и на конгресот, дебатата е исцрпена во подграноци, ограноци генералниот совет и претседателството. Со хармонизиран ставови ќе настапиме на 4 конгрес, изјави Артан Груби.
На седницата се определени пет нови програмски определби, промените на статутот како предлог листите за органите на партијата за конгресот.
А.С