• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Д-р Иван Карапетров изврши специфична торакална операција во Клиничка болница Тетово

19/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За прв пат во клиничката болница во Тетово е извршена торакална (градна) оперативна интервенција – ресекција на тумор на второ десно ребро на предниот дел од градниот кош. Операцијата ја изврши специјалистот по торакална хирургија д-р Иван Карапетров.

-Ова е прва операција од ваков вид во Клиничка болница Тетово и претставува редок случај. Отстранета е промена на коскеното ткиво на реброто кај машко лице. Материјалот е испратен за патохистолошка и имунохистохемиска анализа. Пациентот се соочувал со големи болки во тој дел од градниот кош кои не се повлекувале целосно ниту со аналгетска терапија. Потребна беше предоперативна дијагностика со компјутерска томографија и скен на коските. Ваквите случаи подразбираат и можност за биопсија вели д-р Иван Карапетров.

До ваквата операција доаѓа по оформување на амбуланта за торакална хирургија во склоп на одделот Хирургија при тетовската Клиничка болница од јануари.

-Оваа амбуланта е можност жителите од Тетово и регионот наместо во други клинички центри да добијат соодветна лекарска помош за хируршки болести на градниот кош и дел од градните органи. За нешто повеќе од месец се евидентирани околу 200 пациенти кај кои имало прегледи, хоспитализации и операции на дојка, тиреоидна жлезда, торакални дренажи и згрижување на трауматски повреди на градниот кош објаснува д-р Карапетров, граден хирург.

На оваа специфична операција на д-р Карапетров му асистирале тројца негови колеги исто така специјалисти по градна хирургија д-р Ардит Ќафјани, д-р Имран Ферати, д-р Висар Џафери и специјалист анестезиолог д-р Минире Исени.

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Жител на Слатино во Варвара приведен откако му нашле огревни дрва без документи

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!