Тетово има услови, а ние сме подготвени преку новиот Совет на Општина Тетово да донесеме промени во градот за да на своите граѓани им пружи пријатен спокоен и среќен живот. Ова се дел од пораките на средбите со граѓани на кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ доктор Ратко Давидовски познат во јавноста со своите стручни мислења како специјалист по хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје во Тетово.
-Промената е природен процес. Се во природата и општеството постојано се менува. За жал се чини дека за нашиот град ова универзално правило не важи. Колку време чекаме да се случат промени во сите сфери во животот во Тетово? Одговорот го знаете-многу долго. Крајно време е тоа да се промени на подобро, вели докторот.
Тој потенцира дека Тетово ги има сите природни предуслови на своите граѓани да има пружи пријатен спокоен и среќен живот.
Сведоци сме дека тоа веќе долго време не се случува. Напротив, имаме проблеми со водоснабдување, чист воздух, сообраќајни гужви и еден куп дрги инфрструктурни проблеми. Тетово заслужува подобро. Ние сме подготвени во новиот Совет на Општината да се избориме за подобра сегашност и иднина на Тетово. Ние имаме план и стратегија како тоа да го направиме Имаме желба, знаење и искуство. Ајде тоа да го направиме заедно, вели докторот.
Давидовски е на втората позиција на листата со 31 кандидат за советници.