Општинската организација на СДСМ од Тетово информира дека Д-р Хамдија Елезовиќ ќе биде кандидат за градоначалник на Тетово од нивната партија.
-Со гордост Ве известуваме дека на претстојните локални избори СДСМ Тетово настапува со најдоброто за нашата општина, а како предводник на промените и кандидат за Градоначалник на Општина Тетово, истапуваме со Д-р Хамдија Елезовиќ.
Професионалец во својата струка, посветен на континуиран личен напредок, докажан алтруист и ценет припадник на заедницата, човек каков што Тетово заслужува.
Искрената заложба прави промени и онаму каде што изгледаат невозможни, а СДСМ е доказ за тоа, информираат од СДСМ Тетово.