• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Евидентирани вкупно 257 кривични дела, прекршоци и поплаки за семејно насилство во 2020 година на тетовското подрачје

14/01/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Аналитичкиот центар при СВР Тетово во  текот на 2020 година бележи регистрирани 74 кривични дела кои се однесувале на семејно насилство, 13 случаи на пријави кои биле финализирани со прекршочни поднесоци, како и 170 поплаки кои се однесувале на вакови вид насилство.   Од евидентираните кривични дела најбројни се  оние со употреба на физичка сила и нанесување на телесни повреди како и загрозување на сигурноста.

-Најголемиот број од сторителите инволвирани во овие дела се машки лица, пред се сопрузи, поранешни и невенчани сопрузи, синови и други членови на семејство, додека меѓу „жртвите“ на ваковиот вид насилство најзастапени се женските лица, сопруги, поранешни и невенчани сопруги, мајки, сестри и така натаму. Најчести причини за семејното насилство лани се психичките растројства, акохолот и во неколку случаи-наркотични средства. Најмногу од делата се бележат во четвртото тримесечие (29) и сите се заокружени со соодветни поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Центарот за правна помош при Здружението „Женски Форум“ во Тетово е организација која со бесплатни услуги и се обидува да им помогне на жртвите на семејното насилство.

-За помош како жртви на семејно насилство се јавиле 40 жени во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020. Сите доживеале и трпеле со месеци или со години семејно насилство од нивните сопрузи, а една од жртвите од свекорот. Жените се на возраст од 25-40 години, а видот на насилство е физички напад, психичко малтретирање и еден случај на сексуално малтретирање, изјави Верица Тимосиевска, адвокат во Центарот за правна помош.

Сите добиле правни совети и упатување до институции вклучени во системот за заштита.

-Жените добиле помош како да пријават случај до  МВР, Центар за социјални работи, Обвинителство и Основен суд.  Сме подготвувале предлози за мерки за заштита од семејно насилство до Основен суд Тетово, тужби за развод на брак, кривични пријави до Обвинителство за неплаќање издршка, жалби, приговори и писмени поднесоци со кои се заокружувала правната помош, услуги кои се бесплатни за жртвите, изјави Верица Тимосиеска адвокат во Центарот за правна помош при Здружението „Женски Форум“.

А.С

Поврзани објави

Вести

Околу две илјади нови студенти ги почнаа своите студии на Универзитетот во Тетово

02/10/2023
Вести

Здравствен дом Тетово информира дека не е нивно возилото од видеото каде брза помош носи столици до казино

02/10/2023
Вести

„Сакам да работам до партиите“: „Вашите кампањи против игрите на среќа се против 10 илјади вработени, кои можеби заедно со своите семејства на избори гласале и за вас!“

02/10/2023
Вести

На тетовскиот плоштад во среда 4 октомври од 20 часот „Македонијо во срце те носиме“

02/10/2023
Вести

Полицијата со пријава за жител на Жеровјане кој пукал и ранил овчарско куче на човек од Боговиње

02/10/2023
Вести

На автопатот Тетово-Гостивар животот го загуби 18 годишно момче од Чегране

02/10/2023
Следна објава

Затворен угостителски објект во тетовско, работел три часа по дозволеното време

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!