Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Дејвид Гир од Тетово порача дека доставата на вакцините не е на посакувано ниво но смета дека механизмот Ковакс ќе профункционира соодветно. Тој образложи дека ЕУ посакува да се обезбедат вакцините од самиот почеток, но потенцира дека работата е уште потешка поради постојаното зголемување на бројот на заразени.
–Имајќи во предвид дека, како што гледате, и во рамките на ЕУ земјите членки имаат потешкотии во врска со програмите за распределување на вакцините, бројките на новите заразени случаи се зголемуваат и во ЕУ тоа ја прави работата уште потешка. Да не се заборави дека ЕУ исто така фунцкионира врз база на системот на солидарност и во овој контекст ќе профункционира системот и механизамот Ковакс така да ЕУ ќе продолжи да ја дава својата поддршка и во контекст на вакцините, меѓутоа мора сите да бидеме свесни дека тоа е навистина мноигу долг процес. Вашата земја може секогаш да смета на поддршката на ЕУ,истакна Гир.
Европската унија има направено многу во знак на поддршка на земјава во пандемијата, истакна Гир на новинарското прашање околу помагањето на Македонија во борбата против коронавирусот.
–ЕУ од самиот почеток на пандемијата има дадено огромна суштествена финансиска помош. Цело време се обидуваше не само во Вашата земја туку и за целиот Западен Балкан, донираше милиони парчиња на медицинска опрема на здравствените власти, во вашата земја и целиот Балкан. Да не заборавиме дека ЕУ обезбеди суштествена финансиска помош 226 милиони евра на економијата на Вашата земја се со цел да може Вашата економија да се справи со влијанието на пандемијата со Ковид-19. Тоа е важно во такви услови кога вирусот вирее не само тука низ целиот свет. ЕУ ја даде оваа помош се со цел да можат да се зачуваат работните места на луѓето и да можат да преживеат разните бизнис во вашата земја, посочи амбасадорот на Европската Унија во Македонија Дејвид Гир на прес-конференцијата по средбата со градоначалничката Теута Арифи.
-Јас ја разбирам фрустрацијата заради непочетокот на преговорите со Вашата земја. Во таква ситуација и во такви околности најдоброто решение и најдобриот пат напред е да можат да се удвојат напорите помеѓу двете земји се со цел да може да се дојде до договор кој ќе биде прифатлив за С Македонија и Бугарија. Ова беше одговорот на Дејвид Гир, амбасадорот на ЕУ од Тетово на прашање од новинарите кога е можна меѓувладина средба за почеток на преговорите на ЕУ со С Македонија.
-Се разбира тоа и го прават Северна Македонија и Бугарија, тие се ангажирани цело време на начин да можат да дојдат до взаемно прифатливо решение, взамено прифатлив договор. Како втора работа што треба да се направи од Вашата земја, тоа е да се продолжи со имплементација и реализација на процесот на реформите, што во други зборови би значело Владата да продолжи со имплементација на процесот на реформите. Имплементација токму на тие реформи кои ќе ја приближат земјата до ЕУ и се разбира ќе доведе до крајната цел т.е полноправно членство во ЕУ, истакна Гир.
Тој потсети дека следниот чекор е усогласување на на преговарачката рамка помеѓу сите 27 земји членки на ЕУ, шти не се случи при крајот на минатата година поради немање едногласност.
А.С