• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Теми и интервјуа

Еден километар градска улица налик на земјен пат

Улицата Гоце Делчев во Тетово која ги поврзува населбите од стариот дел на градот се повеќе наликува на земјен пат.  Некои делови од улицата се со бекатон плочки, а дел од делницата е калдрма, но поради неодржувањето и оштетување на овие елементи се повеќе на виделина се појавува земјата. Делот до улицата кај населбите Певчина и Поток се најоштетени, на многу места ги нема бекатон плочките па така вистински предизвик претставува движењето со возило.

01/11/2020
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Улицата Гоце Делчев во Тетово која ги поврзува населбите од стариот дел на градот се повеќе наликува на земјен пат.  Некои делови од улицата се со бекатон плочки, а дел од делницата е калдрма, но поради неодржувањето и оштетување на овие елементи се повеќе на виделина се појавува земјата. Делот до улицата кај населбите Певчина и Поток се најоштетени, на многу места ги нема бекатон плочките па така вистински предизвик претставува движењето со возило.

Управување возило на оваа делница подразбира обид за маневрирање со намера дупките да се поминат со што помала брзина и полека со цел да се не оштетат гумите и воопшто возилата. Од потегот градски гробишта, покрај  Чапчаково сокаче се до Певчина каде претежно има бекатон плочки, возењето наликува на сцените од авантуристичките емисии каде се совладуваат нерамни планински патишта познати како оф-роуд возења. На овој потег единствено околу еден метар или стотина сантиметри може да се најде рамна и неоштетена делница.


Понатаму на улицата Гоце Делчев, кон населбите Два бреста и Колтук ја има калдрмата најверотно прв пат поставена во Османлискиот период. Предизвикот за движење по оваа улица се состои во тоа што освен избегнувањето на дупките треба да се внимава со возило да не се преврти поради непостоење на нивелација. Од едниот до другиот крај на улицата по широчина но и по должина со возило се среќаваат разни нивоа на издаденост на калдрамата над земјата. И тука се внимава да не се оштетат возила, а пешаците да не се повредат движејќи се по дупките.

Од 2013-та година кога започна првиот мандат на сегашната градоначалничка Теута Арифи постојано се најавува дека ќе се реконструира улицата Гоце Делчев.  Изминативе две години се повторува најавата дека во план е да се реконструира целата улицата со проект поддржан од Светската банка, заедно со уште две улици во Тетово.

-За улицата Гоце Делчев се чекаат средства од Светска банка за да се започне реконструкцијата, е најновиот одговор од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Обновата на оваа улица беше и дел од предизборните ветувања.  Сега веќе пратеничката Фаница Николоска од СДСМ во текот на изборната кампања имаше обраќање токму од оваа улица кога посочи дека има средства за реконструкција.

-Денес, имаме убава вест, за жителите на улиците Гоце Делчев и Ѓоце Стојчевски но и за сите граѓани на Тетово.  Светска банка го одобри првиот тендер за реализација на проектот за изградба и санација на локални улици и патишта во општините  вреден вкупно 70 милиони евра. Одобрени се средства за целосна реконструкција, асвалтирање по стандарди од Светска банка со поставување на комплетна вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, истакна на 11 јули Фаница Николоска.

Во текот на октомври младинскиот состав на општинскиот комитет ВМРО ДПМНЕ Тетово на сатиричен начин реагираше на тоа што се уште не се реконструира оваа улица.

Тие поставија детски играчки багери и камиони и напишаа „И ова утро работа, работа и само работа …Се прави реконструција на патот..Багерите загреани, народот весел.

Од канцеларијата на Светска банка во Македонија потврдуваат дека реконструкцијата на улица Гоце Делчев е дел од финансиска поддршка преку Проектот за поврзување на локалните патишта (ППЛП или кратенка од англиски LRCR The Local Roads Connectivity Project), како и дека тендерската постапка е започната дури на 10 септември.

-Проектот за поврзување на локалните патишта започна со имплементација во декември 2019 година и ќе заврши во рок од пет години до декември 2024 година. Проектот ќе се спроведува преку Министерството за транспорт и врски  како агенција за спроведување. Општина Тетово го покажа својот интерес за имплементација на локални патишта и улици во рамките на Проектот за поврзување на локалните патишта уште од раната фаза на подготовка во април 2019 година, пред да се потпише Договорот за заем. Дел од списокот на кандидати за локални патишта / улици за рехабилитација во рамките на Проектот беше улицата Гоце Делчев. Според барањето и како приоритетен под-проект на општината, улицата Гоце Делчев веќе е дел од Тендер 1 – Физички работи за подобрување на локалната патна инфраструктура во избрани општини според дизајн – Лот 1, Лот 2, Лот 3 Лот 4 и Лот 5, кое јавно отворање се случи на 10 септември 2020 година во Министерството за транспорт и врски, се вели во известувањето од канцеларијата на Светска Банка во Скопје.

-Во овој момент тече тендерската постапка за Тендер 1 во кој е вметната и улица Гоце Делчев. Во овој момент поднесените апликации се во фаза на евалуација. Очекуваме некаде октомври месец да се направи прелеминарна селекција на фирмите и да се достави до Светска банка на одобрување, информираат од Министерството за транспорт и врски.

Долж улицата Гоце Делчев, инаку долга околу 1000 метри, се наоѓаат православните гробишта, црквите Свети Димитрија и Свети Кирил и Методиј, седиштето на тетовската епархија, Спомен куќата на комунистичката партија, основно училиште „Андреа Савески Ќиќиш“ како и простории на подрачните единици на Управата за водење на матични книги поради кои има и голема фрекфрентност на луѓе и возила.  Воедно улицата претставува значајна делница до други голем број важни објекти како што се музичкото улчилиште, стадионот, верски објекти. Друга карактертистика за овој стар дел од Тетово долж улицата се и куќите со автентична градска архитектура со чардаци кои исто така се повеќе ги нема поради реконструкции или градење нови објекти.

Александар Самарџиев

 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

За најдобар мед од костен два шампионски пехари во Србија освои тетовчанецот Владимир Петровски

16/09/2023
Теми и интервјуа

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки-во градинката Поток купишта смет и во дворот

05/09/2023
Теми и интервјуа

Тетовски легенди-Иљко Мустак за десет години од 1953 до 1963 година направил околу 300 скокови со падобран

19/08/2023
Вести

Министерството за култура со иницијатива за преместување на библиотека, вработените алармираат дека тоа не е соодветно решение

10/08/2023
Вести

Повеќе од половина рурални тетовски води се небезбедни за пиење, населението се навикнало на таквата состојба

09/08/2023
Теми и интервјуа

Ако учениците имаат развиена еколошка свест ќе имаат и навика за еко-делување

29/07/2023
Следна објава

Со најновите 95 заболени Тетовско на второ место по Скопје

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!