• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Еден пожарникар вчера повреден во Тетово при гаснење пожар

24/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Еден пожарникар е полесно повреден во Тетово при гаснење на пожар во текот на вчерашниот ден, а противпожарната единица морала да интервенира на десетина места во во периодот од 8 часот па се до 3 часот рано изутринава.

-Вчера имавме пожар кај спортскиот центар во Тетово каде беше повреден пожарникарот. Освен таму на отворе имавме пожари во атар на Брвеница, Жеровјане на дива депонија во Челопек во куќа и плевна и  на автопатот Тетово-Скопје на возило. Причини се високите температури и несериозноста на граѓаните кои палат на отворен простор, информира Ука Алити, командант на тетовската пожарна.


Во СВР Тетово во текот на првите шест месеци од годинава, заклучно со денеска 24 јуни бројот на пријавените пожари на ова подрачје изнесува 54 на отворен простор, во поле, шумски предели и други места.

-Во два  од нив регистрирани се две човечки жртви, една на гостиварските и една на тетовските простори. Речиси во сите пожари, пак, причинета е значителна материјална штета. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња со цел да се избеге појава на пожари, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од полицијата потсетуваат дека предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.

Минатата 2020 година на подрачјето на СВР Тетово вкупно биле пријавени 112 пожари, најмногу во летниот период.

А.С

 

 

 

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Мобилна библиотека со книги ќе патува низ Македонија за да промовира повеќе читање и други вредности

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!