Во изминатите 24 часа во тетовската клиничка болница има починато едно лице меѓу хоспитализираните во Ковид центарот. Починатото лице е родено 1952 година.
-Во изминатиот период имаме 27 прегледи кај лица во амбулантскиот дел од Ковид центарот. Прием бил направен само на еден нов пациент, информираше Д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.
Според статистиката на Институтот за јавно здравје во тетовскиот регион од почеток на пандемијата има 10778 заболени со коронавирус, а во моментот како активно болни се водат 959 луѓе. Починати досега се 489 луѓе.
ас