Во изминатите 24 часа во тетовската клиничка болница има починато едно лице меѓу хоспитализираните во Ковид центарот. Од почетокот на пандемијата според податоците на Институтот за јавно здравје ова е 553 смртен случај во тетовскиот регион.
-Починатото лице е жена, родена 1942 година од Тетово, со дијагностициран Ковид-19. Била вакцинирана со две дози, а се имала и две хронични болести. На лекување била примена на 22 јануари, информира д-р Хасан Илјази од Клиничката болница во Тетово.
Во моментот во Ковид центарот има шест хоспитализирани. За 24 часа имало 82 прегледи и контроли во амбулантата. Од почеток на пандемијата во Тетовско се бројат 12.018 заболени Ковид-19.