Нови 19 случаи на заболени во тетовско од вкупно 126 низ Македонија, бележи денес Министерството за здравство.
Од вкупно 4 починати лица, еден е од тетовско , со што вкупно има 53 лица кои го загубија животот поради Ковид-19.
При вчерашната посета на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, на новинарско прашање околу домашното лекување, Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека и лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови, тоа секако треба да биде под контрола на матичен лекар, но при влошување на состојбата треба навреме и веднаш пациентите да се упатат на болничко лекување.
-Лесната форма на болеста може да се лекува во домашни услови под контрола на матични лекари. Но, многу е битно да знаат граѓаните дека и при најмало влошување на состојбата, по препорака на матичен лекар, пациентите треба да се јават во болница. Има болнички капацитети.“ – изјави Филипче.
Министерот тврди дека огромен дел од смртноста кај заболените пациенти е заради тоа што доцна се јавуваат на болничко лекување и дури 50% од смртните случаи се по првите неколку денови од приемот во болница. Заради тоа е неопходно по влошување на симптомите, пациентите веднаш преку матичен лекар да се јават за болничко лекување.
-Има многу такви случаи во коишто има влошување на состојбата во домашни услови, има влошување на состојбата и додека се пациентите во болница. Мора да знаат сите дека и најмало влошување треба да се земе крајно сериозно, треба да е сигнал за да се хоспитализира пациентот. “ – изјави Филипче.