• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Една третина од 144 сообраќајни несреќи поради брзото возење

Анализата на податоците собрани од сообраќајките при Секторот за внатрешни работи Тетово покажала дека една третина од 144 несреќи се случиле поради неприлагодена брзина според условите на патот.

11/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Пребрзото возење е најчестата причина за 144 сообраќајни несреќи во тетовскиот регион за деветте месеци од 2020 година. Анализата на податоците собрани од сообраќајките при Секторот за внатрешни работи Тетово покажала дека една третина од 144 несреќи се случиле поради неприлагодена брзина според условите на патот. Брзото возење полицијата најчесто го констатира кај возачите на автопатот кон Гостивар.

-Секторот за внатрешни работи Тетово секојдневно врши контроли и за брзина, пред се на автопатот, каде и најбрзо се вози и ги санкционира сите пречекорувања на максимално дозволената брзина.Паричните глоби за пречекорување на брзината во и надвор од населено место се движат од 20 до 400 евра во денарска противвредност, а за „најбрзите“ предвидена е и заштитна мерка-времено одземање на возачката дозвола од три месеци до една година, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Со оглед на тоа што претстојат врнежливи, магловити, постудени денови и отежнати услови за одвивање на сообраќајот, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите да внимаваат на брзината со која се движат, посебно навечер и наутро, кога коловозите се лизгави, уште повеќе што веќе треба да се очекува и голомразица на планинските патишта.

А.С

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Акција за пошумување од Турција спроведена и во Желино 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.