• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Еко акција во Тетово, градоначалникот со адиминистрацијата собираше отпадоци

21/03/2022
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово денес по Денот на пролетта и планетата Земја ја организираше најавената голема еко акција за чистење во градот. Градоначачникот Биљал Касами заедно со вработените од општинската администрација и јавните претријатија од пред зградата на општината започнаа да се движат низ градот и да собираат расфрлани отпадоци. Тие ставија ракавици и собраните отпадоци ги ставаа во најлонски кеси.

-На симболичен начин го прославуваме денот на планетата Земја, со оваа акција за чистење на градот. Ова ќе биде една од низата акции за читсње на градот со цел да ги сензибилизираме и информира граѓаните дека доколку сакаме да живееме во чист град, чиста средина треба да се научиме дека полесно е да не фрламе ѓубре отколку некој тоа ѓубре да го тргне од патот.  Со општинската администрација, со средните училишта и со сите заинтересирани граѓани сакаме заедно сакаме да работи за почист град за почисти јавни површини со тоа што ЈКП ќе го направи својот дел, но доколку сите граѓани фрламе ѓубре сегде без контрола тогаш колку и да има вработени во ова претријатие не ќе можат да ги чистат нашите улици, нашите јавни површини, изјави Касами.

На новинарските прашања колку и какви казни има изречено општината за фрлен смет, Касами немаше одговор. Најави поригознирни мерки пред се од превентивен карактер,а со цел спречување на фрлањето отпадоци на земја наместо во канти и контејнери.

-Ние во моментот се обидуваме да обезбедиме контејнери секаде каде што има потреба иако и кај што има контејнери, луѓето фрлаат надвор од контејнерите. За да имаме процес на сензибилизирање, едуцирање на луѓето, за да дојдеме и до казните нас ни треба и систем на идентификација на тие кои ги прават тие злоупотреби. Во тој дел имаме разговарано со претриајтието во некои покритични локации да се инсталираат и камери кои можеби и се размислува да одат директно во веб страната на општината. Секој граѓанин да може да види кој каде фрла ѓубре за да преку тоа да се интевенира и да се преземаат мерки, изјави Касами.

Еколошката акција освен пред општината, се одвиваше и во паркот кај Шарена џамија, економското училиште, спортски центар,  Монопол и градскиот стадион.

ас 

Поврзани објави

Вести

За неправилно паркирање 2430 казни за шест месеци во Тетово

28/06/2022
Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Следна објава

Се трага по еден од двајцата тетовчани кои запалиле казино на 18 март - Обвинителството ќе ги гони за две кривични дела

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.