• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Инфо компас

Еко Герила : Изјавата на Заев за прогласување на Шар Планина за Национален парк несериозна и срамотна

Ги повикуваме сите политичари да бидат одговорни за проблемите со животната средина, каде што граѓаните и нивното здравје треба да бидат на прво место, а не деловните интереси на различни групи, се наведува во соопштението на Еко Герила. 

03/02/2020
во Вести, Инфо компас
Еко Герила
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето „Еко герила“испрати соопштение до јавноста.

Движењето „Еко герила“ ја смета изјавата на поранешниот премиер Заев за прогласување на Шар Планина за Национален парк како несериозна и срамотна.

Образложението дека прогласувањето на Шар Планина ќе му го одземе правото на пасење на добиток е смешно и тенденциозно. Тој, како поранешен премиер, треба да знае дека добитокот не и штети на животната средина и на биолошката разновидност во природата, но уништувањето на флората и фауната и разните природни ресурси доаѓа од изградба на хидроцентрали и нелегална сеча. Да се увери дека пасењето на добиток не им штети на националните паркови, треба да побара од советниците да му го прочитаат Законот за заштита на природата, член 75, точка 2 и Предлог-законот за националниот парк Маврово, член 11, точка 3, во кој изрично се наведува дека пасењето добиток е целосно дозволен. Овој закон важи и за развој на туризмот на Попова Шапка, каде прогласувањето на Националниот парк не претставува никаква пречка.

Тој треба да биде информиран дека нашата земја ја потпиша и Бернската конвенција, која предвидува заштита на Емералдните зони дури и без да бидат прогласени за национални паркови. Притоа, тој создава сомнеж кај граѓаните дека го жртвува прогласувањето на Шар Планина како национален парк за интересите на хидро-мафијата и другите групи на интереси.

Исто така во претходната изјава на Заев (од 11 Мај 2018), во која се наведува дека на градот Тетово не му е потребен јавен превоз, со банален изговор дека таксистите би останале без работа, е неприфатлива и воопшто непревентивна за нивото на загадување на воздухот во овој град.

Ги повикуваме сите политичари да бидат одговорни за проблемите со животната средина, каде што граѓаните и нивното здравје треба да бидат на прво место, а не деловните интереси на различни групи, се наведува во соопштението на Еко Герила.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Со инвертери-клими помали трошоци и помалку загаден воздух

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!