• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Екстремно трчање на планина-македонска репрезентација по државното првенство на Шар Планина оди на Светско првенство во Шпанија

08/07/2021
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во периодот 09-11.07.2021 година на Пиринеите во Шпанија ќе се одржи петтото по ред светско првенство во скајранинг – екстремна форма на планинско трчање, на кое за прв пат ќе настапи и македонска репрезентација составена од најуспешните натпреварувачи од последните две државни првенства одржани на Титов Врв.

Во популарните дисциплини вертикален километар и скај-маратон ќе не претставуваат: Дејан Ангелоски, Елена Ртоска, Александар Кирковски и Сања Најдовски.

Вертикалниот километар е кратка и експлозивна трка на која се совладуваат 1000 висински метри во што е можно пократко растојание на многу стрмен терен, додека пак скај-маратонот е натпревар на издржливост каде ќе треба да се совладаат 42 километри и 3000 висински метри по високопланински патеки.

Учеството на светското првенство е во организација на Федерацијата за планинарство на Македонија (ФПСМ) која веќе трета година е полноправен член на Светската скајранинг федерација. Претходно македонски тим со успех дебитираше на еден голем собир на европското првенство во Италија одржано во септември 2019-та година.

 

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Притвор од 30 дена за жител на Доброште поради најдена дрога

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.