• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Жителите на Лешок собраа средства за дополнителни количини вода во системот

22/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со средства собрани од жителите и на месната заедница во Лешок на главната водоводна цевка се приклучени дополнителни извори со вода со цел да се подобри водоснабдувањето во селото. Од четири места-извори над селото спроведени се цевки и црева до главниот водоснабдителен систем.

-Месната заедница и населението на село Лешок, во изминатиот период спроведоа акција за собирање на изворите со питка вода кај месноста под „Ѓенов камен” и истите со поставување на црева и цевки ги насочија кон главниот цевковод на селскиот водовод. Со ова се очекува, проблемите со водоснабдувањето со питка вода на селото, да се надминат во голема мера, изјави Јовица Попоски, претседател на месната заедница.

Во Лешок проблемите во водоснабдувањето се јавуваат од август па затоа било потребно да се интервенира.

-Се намалуваат количините вода од изворите, а и поради несовесно користење за наводување и миење се намалува и дотокот на вода во домаќинствата. Поради тоа за да има доволно вода, досега сме ја мешале изворската со вода од река. Сега со дополнителните четири извори нема да има потреба за тоа, па ќе има нормално водоснабдување, изјави Јовица Попоски.

Вкупно 150 метри нови цевки се поставени од четирите извори до главната водоводна цевка. И самата водоводната мрежа е направена со самопридонес на мештаните пред неколку децении.

А.С

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Топлото време потенцијална опасност за настанување пожари, полицијата со апел да не се палат огнови

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.