• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 26 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Жител на Желино осомничен за две разбојништва во Скопје

16/03/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Желино за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-На 28 февруари, осомничениот и уште едно засега непознато лице влегле во такси возило на улицата „Димитрија Чуповски“ и побарале од оштетениот таксист да ги вози до хотел во близина на Скопски саем. Кога стигнале на булевар „Никола Карев“, во близина на клучката за Чаир, му кажале на таксистот да го запре возилото. Осомничениот од задното седиште го фатил оштетениот за јаката, го повлекол назад и му ставил нож под вратот, заканувајќи му се дека ќе го убие ако не им ги даде парите. Неговиот сопатник кој седел на совозачкото седиште за тоа време започнал да пребарува низ преградите на возилото, го пронашол паричникот на таксистот од каде одзел 950 денари, а го одзеле и мобилниот телефон на оштетениот вреден околу 6.000 денари. Потоа двајцата избегале во непознат правец, информира Обвинителството. 

На 4 март, на сличен начин, осомничениот запрел такси возило на улицата „Џон Кенеди“, се качил во автомобилот и побарал да биде одвезен до еден хотел.

-Пристигнувајќи во близина на наведената локација, повторно со нож му се заканил на таксистот и одзел 1.500 денари и мобилен телефон вреден околу 8.500 денари.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоците/оштетените и веројатност тој да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, информира Обвинителството. 

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 11 сопственици на возила за неисправности-сопирачки, неатестирани фолии,неисправни системи, вградени светлосни уреди и истечени сообраќајни дозволи

26/09/2023
Вести

Со промоција на видеозаписи и трибина за училишно насилство Црвен крст Тетово ја одбележа Неделата за Промоција на хумани вредности

26/09/2023
Вести

ЦЈЗ Тетово: Водата е исправна и безбедна за пиење

26/09/2023
Вести

КУД „Бранко Чајка“-Тетово во сабота со концерт и изложба одбележува 30 години јубилеј

26/09/2023
Вести

Во сообраќајка повредена 40 годишна жена, СВР Тетово бележи и пет приведувања по разни основи

25/09/2023
Вести

Вработените во тетовска Печатница Напредок бараат реакција од државата затоа што со години нередовно примаат плати и немаат здравствено осигурување

25/09/2023
Следна објава

Планирани исклучувања на електричната енергија за 17-ти март

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!