• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

ЖФК „Љуботен“ : Во Велес доживеавме насилство од набилдани момци врз малолетни фудбалерки

10/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Раководството на Женскиот фудбалски клуб „Љуботен“ од Тетово на прес-конференција обвини дека на саботното гостување во Велес по дуелот со „ЖФК Борец“ нивните фудбалерки, стручниот штаб и управата биле физички нападнати.  Нападнатите фудбалерки добиле и полесни повреди, сите се трауматизирани, случајот е пријавен во полицијата, а се најавуваат и судски тужби.

-Наместо да слават победа, од нивни познати причини решија да се пуштат во физичка пресметка со нашите девојчиња.Она е тоа што се случи после натпреварот е вознемирувачки за сите нас и за девојчиња и родителтие кои ги пуштиле на натпреавар. Прво ја нападнаа Сенада Муратовиќ при качување по скали за во соблекувална. Беше нападната прво вербално и после физички од жнесо лице за кое мислам дека е член на управата на ЖФК Борец. Се создаде мешаница па нападнати беа и Теодора Бартон, Мирјана  Ѓероска, а Егзона Јашари доби удар со шише во глава, среќа без посериозна повреда и удар во лице, изјави на прес-конференција Драгољуб Јовановски, потпретседателот на клубот.

Јовановски објасни дека и во текот на натпреварот се соочувале со разни притисоци и закани од домаќините.  Потенцира дека ова е еден преседан во женскиот фудбал и му се прави штета на овој спорт со оглед дека вака се создава страв кај родителите чии девојчиња се претежно малолетни деца.

-Најстарта фудбалерка кај нас има 25 години, имаме десет салолетни девојчиња, кои не знаат што е насилство. Насилство врз девојчиња од набилдани момчиња е незамисливо. Прв случај во женски фудбал да се се надевам и последен пат да има напад врз маалолетни девојчиња. Имаше и трезвени од клубот, тоа беше татко на голманката на „Борец“ кој како жив штит застана пред нас да не биде уште полошо. Тоа се случуваше на скали седум метри високи, едно девојче да западнаше не ни сакам да помислам што ќе се случеше, изјави Јовановски.

Тој случајот го пријавил во велешката полиција.

-После во полициска станица до 22 часот давав изјава како официјално лцие на клубот. Се надевам дека полиција и обвинителство ќе завршат работа. Прашање имам до ФФМ како во време на корона имаше над 100 гледачи во публика, како МВР дозволи 15 неофиицијални лица во 5 метри квадратни да присуствуваат. Како делегатот дозволи да се игра со 100 гледачи, вели Јовановски.

Од клубот обвинуваат дека и во натпреварувачкиот дел се оштетени.

-Прво му се обратија на нашиот претставник на клубот : Овде бодови немаш. Тоа беше толку па ни се обрати нас на раководството: По секоја цена ќе победиме и уште нешто што не е за пред јавноста од тоа што ни кажа. Следуваа работи по кои стана јасно што ќе се случува. Безброј фаули, и околу 55 минута кога нашата екипа даде чист гол-влегува топката во гол, удира во шише кое е поставено во внатрешноста на голот, судијата вика играј нема гол, истакна Јовановски на прес-конференцијата.

Според него спорен бил и моментот во 65 минута со недосуден пенал за ЖФК „Љуботен“.

А.С

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Тетовски гимназијалци 25 години од матурата одбележаа преку интернет и радио програма во живо

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!