По 18 одиграни кола денес заврши есенската полусезона во Првата Македонска фудбалска лига, а есенски првак е Шкендија од Тетово. Тетовската екипа има најмногу 39 бодови шест повеќе пред Шкупи и Македонија Ѓорче Петров со шест помалку односно по 33. Ренова се пласираше на 9-тата позиција со 19 бодови.
Во денешното 18 коло Шкендија дома изгуби од Пелистер со 0-1, додека Ренова победи на гости кај Македонија Ѓорче Петров со 3-2.
Шкендија од 18 натпревари има 11 победи, 6 нерешени и 1 пораз. Гол разлика 36:12. Ренова од 18 дуели има победено во 4, а по седум напревари завршиле нерешено или со пораз.
Првенството продолжува на 14 февруари 2021, Ренова е домаќин на Беласица, додека Шкендија му гостува на Силекс во Кратово.