• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Заврши реконструкцијата на тетовскиот Центар за вработување со 18 милиони денари од ЕУ

07/12/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Заврши реконструкцијата на Центарот за вработување во Тетово што беше изведена во изминатите неколку месеци. Од четврток граѓаните услугите на центарот ќе ги добиваат во реконструираните простории. Сега ќе има и нов влез за корисниците како и шалтер-сала во која ќе се може да се добијат дел од услугите.

-За да се подобри функционалноста на овој објект беше потребна посветена работа и голема заложба бидејќи истиот не беше комплетно реконструиран од неговото основање. Сега Центарот за вработување во Тетово доби нова фасада на зградата, беше променета покривна конструкција, прозорците со што се зголеми енергетската ефикасност на целиот објект. Набавен е котел за палети кој значително ќе ги намали трошоците за греење на објектот кој досега се грееше на струја. Реновирани се водоводнтаа и канализациска мрежа. Финансиски сето ова е поддржано од ЕУ преку проектот „ЕУ за млади“, изјави Фатмир Сабриу, шеф на Кабинетот на Агенцијата за вработување на Северна Македонија.

Проектот за модернизација, санација, адаптација чини 18.610.087 денари.

-Центарот за вработување денес има нов модерен лик, а што е најважно зголемена е неговата функционалност од која директен бенефит ќе имаат невработени лица, работодавачи и вработени во Центарот. Со оваа реконструкција невработените лица и работодавачите, услугите за намалување на невработеноста и зголемување на вработливоста во Тетово можат да ги добијат на место кое е функционално и реновирано согласно стандардите за животната средина и намалување на ефектите од аерозагадувањето. Вработените во нашиот центар сега имаат причина да бидат уште помотивирани во своето работење бидејќи просториите и условите во кои сега работат се драстично подобрени. Верувам дека нивното задоволство од работната средина ќе се преслика во ентузијастички попрофесионален однос кон корисниците, изјави Арменд Салихи директор на Центарот.

Направена е и реорганизација на работата во самиот Центар и кај вработените. Таблата за истакнување огласи ќе биде кај новиот влез.

На новинарско прашање зошто беше потребно да се исече дрво во дворот од Центарот шефот на кабинетот Фатмир Сабриу одговори дека сега ќе има уште повеќе.

-Ние навистина сакаме да овој објект да се гледа и од надвор дека навистина е сработено. Ние засадивме многу повеќе дрвја, се надевам дека и во другиот дел од градот ќе има уште многу вакви убави работи во секоја државна институција, рече Сабриу.

Невработени во полошкиот плански регион се 24,8 % од населението, а само во Центарот за вработување Тетово до 6 декември 18.500 лица евидентирани се како невработени.

ас 

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

Двојното паркирање на тетовските улици меѓу причините за чест сообраќаен метеж, полицијата со илјадници казни само за тој прекршок

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.