• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Завршува изработката на иконостасот во манастирската црква Свети Георгиј во тетовска Мала Речица

Главен мајстор на резба на иконостасот е Будимир Апостолски-Пишман, кој работи со уште двајцата членови на ткн. тајфа Љупчо Христовски и Андреј Спасеновски, а им помага и Раде Наумчески. Животописот го работи Зоран Бошковски.

03/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По шест години пред самиот крај е изработката на иконостасот и животописот за манастирската црква Свети Георгиј Победоносец во тетовска Мала Речица. Овој црковен комплекс изминативе 15 години се возобновува откако беше запален и уништен до темел во 2001 година.

Главен мајстор на резба на иконостасот е Будимир Апостолски-Пишман, кој работи со уште двајцата членови на ткн. тајфа Љупчо Христовски и Андреј Спасеновски, а им помага и Раде Наумчески. Животописот го работи Зоран Бошковски.

-Иконостасот е изработен од ореово дрво,во длабока и плитка резба. Патиниран (дрвото добива одредена светлост со боја) и заштитен е според прописите за ваков материјал. Иконостасот почнавме да го правиме во 2013 година и до 31 октомври според договорот со црковниот одбор треба да го завршиме, меѓутоа се е веќе пред крај остануваат уште неколку работи да се довршат, изјави Пишман.

Иконостасот претставува ѕид со икони и верски слики кој во православната црква го одвојува олтарот од останиот дел од црквата.  Одлика се главните икони и слика од Тајната вечера во средината над царските двери (централна врата за влез во олтарот) и 12 апостоли распоредени по шест лево и десно. Крстот е највисоко поставен на иконостасот.

-Во оваа црква иконостасот е долг 6 метри.  Освен резба на икони, изработив крст со Распетието Исусово и царските двери во ажурна резба. Во целиот иконостас имам уникатни идејни решенија на резбите со мотиви од црквите, со флората и фауната од нашето поднебје. Под главните икони се изработени 6 потпарапетни резби, објаснува резбарот Будимир, инаку автор на над 1200 резби.

Тетовскиот резбар досега има изработено 5 други иконостаси во црквите Свети Атанасиј во Сараќино, Свети Димитриј Солунски во Теарце, Свети Ѓорѓи во Лавце и манастирската црква Свети Атанасија во селото Глуво на Скопкска Црна Гора.  Има работено и на реставрација на иконостасите во црквите Свети Петар и Павле во Бањица, Гостиварско и Света Богородица во селото Сетоле, Тетовско.

Манастирска црква “Свети Великомаченик Георгиј Победоносец” во тетовска Мала Речица се обновуваше од 2009 до 2017. Во октомври 2017 беше извршено и осветувањето, а при обновата се изградени сите пропратни објекти.  Изградени се конак со трпезарија, кујна и летниковец

 

Тагови: георгијиконостаспобедоносецсветицрква

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Измамил мајка и син дека ќе им најде работа во Германија

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!