• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Загадениот воздух ги брка луѓето од Тетово

Тетовци со разни начини се обидуваат да се спасат од загадениот воздух. Познатиот занаетчија во Тетово 73 годишниот Мане Илиески големиот број пријатели изминативе неколку години се помалку го гледаат во градот, зошто тој бегајќи од загадениот воздух времето го минува во Охрид.

30/10/2019
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовци со разни начини се обидуваат да се спасат од загадениот воздух. Некои заминуваат надвор од Тетово дури и во други градови. Познатиот занаетчија во Тетово 73 годишниот Мане Илиески големиот број пријатели изминативе неколку години се помалку го гледаат во градот, зошто тој бегајќи од загадениот воздух времето го минува во Охрид. Можноста таму да обезбеди стан порано, сега му се покажала како паметна инвестиција. Сега кога здравјето му е нарушено, вели така нашол спас со оглед дека чистиот воздух му е повеќе од потребен за нормално живеење.

„Јас си заминувам до Охрид. Таму ни глава ме боли, ни ништо, овде во Тетово, цел ден матна ми е главата, ќе излезам до плоштад едвај ќе се вратам назад. Па во Охрид никакви проблеми немам, ни со главата, иако имав излив пред неколку години во главата, вели тетовецот.

Мане вели во Тетово и ретко излегува, зошто организмот му е чувствителен на загадениот воздух   и нездравата животна средина во градот и веднаш му се создаваат тегоби.

„Не излегувам од дома. Не можам да излезам, ми се врти во главата, не сум способен и нешто да поработам, леб не можам да одам да купам до дуќан. Во Тетово може да се оди до Бањиче или до Кале, ама за мене е проблем што не можам да одам толку, немам рамнотежа, вели тој.

За разлика од Тетово, во Охрид, до толку „му годи“ подобрата животна средина, што се чувствува повеќе здрав.

„Во Охрид точак возам, кога сакам во град си одам, точак ќе си земам во град, ќе си поминам, убаво и ќе се вратам.  Таму има патеки направено, многу лесно се поминува. И кај што нема патеки, чист воздух, езерото ја упива прашината. Тука во Тетово друго е … Таму може и рано да се станува, од што е чисто, не ти се спие. Чистиот воздух надополнува претежно на оние болни, како јас со главата, со рамнотежа изгубена, таму кога можам точак да возам, а овде не можам, значи нешто има, објаснува Илиески.

Загадениот воздух стана тема и во музичкото творештво. Во 2014 рап група на млади тетовци создадоа песна со порака дека сакаат чист воздух.

Александар Самарџиев

 

Тагови: загаден воздухмане илиескиТетово

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Единствено во Волковија во тетовскиот регион можност за алтернативниот медицински третман апи-терапија

28/05/2023
Теми и интервјуа

И со факултетска диплома не може да се вработи лице со попреченост

06/05/2023
Теми и интервјуа

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

08/04/2023
Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Следна објава

Татко и син повредени откако во нив удрил возач кој побегнал од местото

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!