-Владата нема да оди наспроти населението за малите хидроцентрали но мала хидроцентала не е еколошки полоша од голема хидроцентала. Се запазува биодиверзитетот на реките. Во село во општина Маврово и Ростуште не се дозволи несоодветно користење на водата за пиење за мала хидроцентрала. Може да се користи водата за пиење од мала хидроцентрала само ако е на излез од самото село, вакво е објаснувањето на премиерот Зоран Заев за малите хидроцентрали на Шар Планина кои се посочени од граѓаните како причина за ерозии на земја и предизвикување на неколку месечен недостиг на вода за пиење во Тетово.
Тој рече дека разговарал со градоначалничката Теута Арифи за проблемот, лизгањето на земјиште, кое според него се уште се санира.
-Првиот пат имаше лизгање на земјиштето. Затоа се вклучуја старите системите за снабдување со вода за пиење во Тетово. Тоа се санира и се пушти во употреба. Заради климатските околности се случи уште едно лизгање на земјиштето кое во моментот се санира. Тетово го има стариот начин на водоснабдување. Проблемите се јавуваат на новиот систем за водоснабдување поради лизгање на самото земјиште. Не може да се каже дали ќе има ерозија на земја било каде. Тоа се санира, рече Заев.
Според премиерот тој понудил и помош на Општина Тетово, Владата некако да помогне.
-Тие со заедно со своето јавно комунално претријатие работат и ветија дека брзо ќе се санира проблемот и штом се санира веднаш ќе направат контрола да не се јават нови исто така причини за да нема проблем со водоснабдување, рече Заев од тетовското село Теново каде присуствуваше на пуштање во употреба на фотоволтаична централа.
Од почетокот на 2021 година Тетово се соочува со недостиг на вода за пиење и рестрикции во снабдувањето поради повеќе проблеми, меѓу кои и прекин во цевководот за носење на вода од планинските реки поради ерозија на земја на Шар Планина.
А.С