Тетовската полиција и неделава успева да открие нелегална продажба на пиротехника и петарди, запленувајќи по неколку илјади парчиња. Две лица се приведени попладнево кај кои се најдени над 2000 пиротехнички средства.
-Околу 16.20 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1759 парчиња пиротехника, и С.А. (31) од Тетово, од кој биле одземени 314 парчиња пиротехника. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Марјан Јосифоски, портапарол на СВР Тетово.
Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви пиротехнички материјали.
А.С