Градоначалничка на Тетово, Теута Арифи заедно со министри од Владата означи почеток на градежните работи за проширување на булеварот „Благоја Тоска“ за што средства локалната самоуправа доби од централната власт. На почетокот од трасата, пред мостот на река Пена денес започна копање за подземна инфраструктура.
-Започнуваме со работите околу продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ до текстилно училиште. Двете страни на булеварот ќе бидат со ширина од 20 метри исто така со подземни и надземни работи според стандардите во булеварите. На Владата и благодарам за средства за ескпроприција, од ребалансот на буџетот и исто така за средствата обезбедени преку компанијата ТАВ за реализиција на проектот.
Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби рече дека големиот број министери и државни службеници се дојдени со оглед дека Владата дава апсолутна поддршка за проектите на Теута Арифи.
-Сите проекти со кои Теута Арифи и градот Тетово аплицирале во буџетот во Владата има добиено поддршка затоа што сите ние министри, заменици и државни секретари стоиме зад Теута и реализацијата на нејзината програма на се што има ветено затоа што Тетово го заслужува тоа и Тетово ја заслужува Тетута Арифи. Челична жена и мајка која помина многу во животот, а во скоро време по првиот ден од изолација започна да работи во интерес на граѓаните во однос на пандемијата и другите проекти, рече Артан Груби.
Градоначалничката Арифи рече дека завршени се сите формално правни работи околу експропријацијата на имотите после мостот на реката Пена.
-Сите формално правни работи сме ги завршиле и сите обврски кон граѓаните и имаме 95 проценти договори и исплати. Таму каде што евентуално граѓаните имале дилеми и оделе на судска постапка исто така имаме и одлуки од Судот кои апсолутно ни даваат отворен пат да го завршиме проектот, одговори Арифи на новинарските забелешки дека се уште има граѓани кои не ги отстапуваат имотите.
За овој проект Тетово доби 43 милиони денари. Предвидено е да се обештатат и рушат осум куќи.
А.С