• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 4 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Започнаа дискусии како да изгледа оперативниот план за вработување во 2020 година

Во Тетово денес започна да се одржува првата регионална панел-дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020 година што го спроведува Агенцијата за вработување преку голем број мерки за зголемување на вработеноста. На овие средби за креирање на националните политики, стратегии и планови покрај државните институции ќе учествуваат граѓанските организации и бизнис-заедницата на локално ниво.

03/10/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово денес започна да се одржува првата регионална панел-дискусија за Оперативниот план за вработување за 2020 година што го спроведува Агенцијата за вработување преку голем број мерки за зголемување на вработеноста. На овие средби за креирање на националните политики, стратегии и планови покрај државните институции ќе учествуваат граѓанските организации и бизнис-заедницата на локално ниво.

-Од минатата година се покажа дека сите мерки кои се креирани заедно со локалните самоуправи со стопански комори на локално ниво даваат поголеми резултати и тоа потекна како иницијатива од Струмица минатата година има 100 отсто реализација на таа мерка која тие ја побараа. И токму затоа оваа година одиме со подготовка на оперативниот план на локално ниво или во реална консулатација со бизнис секторот за да видиме кои се нивните потреби за нови вработувања каде треба да инвестира државата преку оперативниот план и на тој начин да создеме повработливи граѓани кои понатаму ќе бидат понудени на бизнис секторот или ако има одредени специфики бизнис секторот да адаптираме некои мерки кои ќе се однесуваат на компанииите во овој регион,рече Мила Царовска министерка за труд и социјална политика.

-Ние како Стопанска комора на Северозападна Македонија имаме недостаток на вработени посебно на квалификуван кадар и затоа и ќе дадеме свои анализи како да се спроведе планот, рече Касам Зендели од комората.

До септември 2019 при спроведување на годинешниот оперативен план реализирани средства во висина од 1 милијарда и 100 милиони денари.

-Во овој регион досега над 1000 лица се вклучени, од кои во практиканството околу 400 лица, околу 170 лица во самовработување, околу 130 лица во обуки преквалификации и доквалификации и во сите останати мерки кои се предвидени во оперативниот план. Во тек има јавни повици за други обуки кои се актуелни и атрактивни, како ИТ обуки за млади до 34 години каде може се уште да аплицираат,изјави Билјана Јовановска, директорка на Агенцијата за вработување.

Министерката Царовска истака дека се чека ребаланс на буџетот со што ќе има дополнување на финансиските средства и продолжува реализиацијата на мерките за самовработување, субвенционирање и други.

 

Тагови: мерки за вработувања 2020оперативен план

Поврзани објави

Вести

Од 22 до 5 часот акциска контрола – 14 санкционирани за возење под дејство на алкохол

04/06/2023
Вести

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

03/06/2023
Вести

СВР Тетово со кампања „Јас внимавам и безбедно возам” едуцираше велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети

03/06/2023
Вести

Седмоодделенката Кристина Маркоска од ОУ „Коста Рацин“-Брвеница освои трето место на ликовен стрип конкурс во Ваљево, Србија

03/06/2023
Вести

Утре црквата св.Троица во Блаце го одбележува празникот Духовден

03/06/2023
Вести

Најден поголем дел од фрескоживопис од 13 или 14 век, ретка можност да се видат три слоја на насликани икони во црквата Света Богородица во Лешок

03/06/2023
Следна објава

Нов меѓународен проект на средното стручно училиште Моша Пијаде во кој се спојуваат математиката и уменоста

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!