• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 28 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Почна геодетско мерење за проектна документација за патот за Луковица, мештаните сами собираат средства

Месната заедница, здружението на жители на Луковица и црковниот одбор откако во октомври добија согласност од мнозинството на луѓе кои имаат имоти во селото собраа средства и ангажираа соодветна геодетска фирма.

22/11/2020
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Почна постапката за геодетско мерење за патот и изработка на соодветна проектна документација според која потоа треба да се изврши асфалтирање на патот до селото Луковица, за што мештаните самите собираат пари.

Месната заедница, здружението на жители на Луковица и црковниот одбор откако во октомври добија согласност од мнозинството на луѓе кои имаат имоти во селото собраа средства и ангажираа соодветна геодетска фирма.

-Денес се изврши мерење на една делница од 3000 метри од месноста Крстец до месноста Еребичник. Остануваат уште 2,5 километри кои ќе се направат во текот на утрешниот ден, информира Миле Сибиновски претседател на месната заедница и Здружението.

На оние што имаат имоти во Луковица се дадени 100 анкетни листови, а мнозинството прифатило да се собираат средства за проектната документација.  Предвидено е да се даваат по 3000 денари од домаќинство со имот во селото.

-Од 100-те дадени анкетни листови вратени ни се 86 позитивни одговори и 4 негативни. Од тие што имаат имоти и што се постојано во Луковица, сите имаат дадено средства, како и оние со имоти а живеат во Скопје. Очекуваме придонесот да го дадат и оние со имоти во Луковица а живеат во Тетово и Брвеница, рече Сибиновски.

Иницијативата е поради децениското очекување за изградба на асфалтиран пат до селото. Овој потег се прави бидејќи се уште за да се стигне до Луковица треба да се помине пат од пет и пол километри кој нема асфалт и се поминува по чакал и песок.  Поради дождовите во есенскиот дел патот уште повеќе се оштетува и е тежок за движење и со теренски возила.

А.С

Поврзани објави

Вести

Тетовски фолклористи настапија на меѓународен фолклорен фестивал во Требиње, Босна и Херцеговина

27/06/2022
Вести

Kасами со нова најава дека ќе се санираат и асфалтираат сите оштетени улици во Тетово

27/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово играа 142 шахисти, победник на турнирот Ндерим Сарачи од Косово

27/06/2022
Вести

Ако се отсуствува подолго време од дома, да се преземат мерки за заштита, потсетува СВР Тетово

27/06/2022
Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Следна објава

Се асфалтира новоуредениот паркинг од 2300 квадратни метри кај Лешочкиот манастир

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.