• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Започна одвивањето на градски автобуски превоз во Тетово

16/08/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Јавниот градски автобус превоз во Тетово започна да се одвива денес со промотивно возење на една од линиите.  Претставници од Советот и јавни претријатија и новинарски екипи со автобус на „Тетово Транспорт“ ја поминаа делница од автобуската станица,  преку булеварите „Видое Смилевски-Бато“ и „Маршал Тито“ и „Илинденска“ се до Универзитетот на Југоисточна Европа и назад.

Возењето започна околу 9 часот и 30 минути. Во тој дел од денот автобусот веднаш се соочи со сообраќаен метеж прво кај пазарот, а потоа и на булеварот „Илинденска“ каде мораше да се вози полека во колона и во прва брзина. Од автобуската станица до Универзитетот автобусот мораше да застане на четири пати поради неправилно паркирани возила поради кои не можеше да го продолжи патот.   Од автобуската станица до плоштадот му требаа 7 минути и 59 секунди. Од  Универзитетот па назад до автобуската станица му требаа 22 минути со едно застанување на автобуска постојка кај Шарена џамија.

-Завршува голем проект со јавен превоз во градот Тетово, една долга приказна заврши како успешна мисија. Заслуга е на градоначалничката, советниците од Советот, администрацијата и Министерството за финансии. Голем ден е денес за Тетово, сите граѓаните да се возат со градските автобуси со цел да имаме помалку метеж во сообраќајот и така да ги чуваме автобусите, изјави претседателот на Советот Беким Мемети.

Директорот на општинското претријатие „Тетово Транспорт“, Дарко Спировски објасни дека досега се работело на административни, технички и оперативно аспекти со цел да се воспатават линии, да се расчистат патишта со цел движење на автобусите.

-Ќе имаме соработка со полицијата да се обезбедат реални услови автобусите да се движат регуларно и за определениот рок да стигаат од станица до станица. Во наредните 10 дена ќе има период на прилгодување на нас кон граѓани и од граѓаните кон користењето на автобусите. Воедно сметам дека ќе се подигне свест на возачите да не паркираат возила пред автобуски постојки.  Првите 10 дена ќе промотивен период и беспатно ќе може да се користат услугите, изјави Спировски.

На новинарските забелешки дека изостануваат известувања до граѓаните преку информативни гласила директорот рече дека сето тоа ќе биде овозможено во наредниот период.

-Ќе се изработат информативни табли на сеокја станица каде ќе се знае во колку часот треба да дојде автобус и колку пати во тек на ден. На секој станица ќе има електронска информативна табла да граѓаните точно знаат каде се наоѓа автобусот кој нареден треба да додје и во кој правец ќе се движат. За почеток ќе има хартиени билети, во дуќани ќе може да се купуваат, на скоро исте можни продажни места да се можат да се најдат. Треба да се изработи веб страница и да се плаќа за билетите електронски преку интернет, рече Спировски.

Претставниците на општината посочија дека ќе се следат мерките и протоколите кои се препорачани и наложени од здравствените институции при користење на градскиот превоз.

-Секој кој влегува треба да има маска и да држи дистанца. Има дезинфекција во автобусите, а се внимава и на капацитетот, рече Спировски.

Еден билет за едно возење е 20 денари. Предвидени се повеќе категории на билети за групи на граѓани,а ќе има и месечни и годишни карти. 

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Венко Филипче : Нема дополнителни мерки за Тетово и покрај високиот број заболени

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.