Денес започнаа градежните активности за рехабилитација на регионалниот пат Р 2242 од Шемшово до Желино во рамки на Општина Јегуновце, инфомираат од локалната самоуправа. Должината на патот е со 5,5 километри.
-По регулирање на патот со прв слој и нивелирање на страничните делови, во наредните денови ќе следува целосно асфалтирање на регионалниот пат. Како градоначалник денес на првиот ден извршив увид на активностите и констатирав дека работите се одвиваат непречено и според планираната динамика. За краток период жителите на општина Јегуновце ќе можат да го користат новиот рехабилитиран регионален пат што со години беше во лоша состојба. Општина Јегуновце наскоро започнува со градежни активности и на други локални и регионални патни правци и улици во населените места, порача градоначалникот Димитар Костадиноски.
Средствата за рехабилитација на регионалниот пат се обезбедени од страна на Јавното претријатие за државни патишта.
ас