• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 26 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Започна јубилејниот десети по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор 2022“ во тетовско Јанчиште

23/05/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од вчера во тетовско Јанчиште, Општина Јегуновце започна меморијален турнир во мал фудбал „Бобе Јуниор“, кој годинава бележи и јубилеј десет години од постоењето. Вчера од 19 часот на спортското игралиште во Јанчиште имаше свечено отворање на турнирот и одигрување на ревијален натпревар меѓу ветераните на Јегуновце и Јанчиште како и првиот дуел од групното натпреварување.

-На отворањето имавме почесна програма во чест на основачот на турнирот Бобан Симовски-Бобе и неговиот другар Александар Димчевски-Трска. Оддадена беше почит на нивните гробови. Турнирото започна со настап на Културно Уметничко Друштво „Брвеница“, а почесни гости беа градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. Потоа се одигра и првиот натпревар помеѓу екипите на Бобе Јуниор и Јоки Комерц од групата А, изјави Бојан Симовски од организацијата на турнирот.

На турнирот учествуваат вкупно 24 екипи од Тетовско поделени во шест групи, а се играат по две полувремиња од по 15 минути. Првата фаза од натпреварувањето по групи ќе се игра по бод систем, се до 5 јуни по што наредниот ден се продолжува со елиминации во осминафиналето. Турнирот завршува на 12 јуни со дуелите за трето место и финалето.

 ас

Поврзани објави

Вести

Младиот тетовски фудбалер Стефан Стефановски на радарот на два турски прволигаши

25/06/2022
Вести

Д-р Иван Карапетров ќе ја раководи тетовската организација на Лекарска комора  

25/06/2022
Вести

„ Изложба без име“ – јавно објавени пораки од сексуалното вознемирување со кои се соочуваат девојки на интернет

25/06/2022
Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Следна објава

Граѓаните се соочуваат со дупки по многу тетовски улици

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.