Тетовската полиција ноќеска 40 минути после полноќ привеле сопственик на угостителски објет во Жеровјане, поради работење по дозволено време и против прописите за време на епидемија. Воедно приведени се и три од вкупно шест странски државјанки кои се најдени во објектот при контролата.
-Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(30) од тетовско Боговиње, чиј угостителски објект во Жеровјане работел по дозволеното време и во него престојувале 13 гости и шест странски државјанки. Сопственикот бил задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик, информираат од СВР Тетово.
Во угостителскиот објект, исто така, приведени се и три од странските државјанки, од кои две од Русија и една од Албанија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. И тие се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
А.С