• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
недела, 7 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

За два часа и 19 минути охриѓанец истрча од Попова Шапка до Титов врв и назад

14/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Дејан Ангелоски од Охрид за два часа 19 минути и 36 секунди успеа да истрча од Попова Шапка до Титов врв и назад и да биде победник на вчерашната трка во скајранинг – екстремна форма на планинско трчање.  Второ место го освои Александар Кирковски од Скопје со време од два часа 40 минути и 45 секунди, а третиот Никола Илиевски со време од 2:44:20. Првакот Ангеловски со овој резултат го сруши сопствениот рекорд од 2020 кој изнесуваше два часа и 39 минути.

Во женска конкуренција победи Елена Ртоска од Прилеп со време од три  часа 6 минути и 51 секунда што исто така претставува рекорд.  Сања Најдовски со три часа 25 минути беше втора, додека Снежана Џуриќ со три часа 33 минути и 47 секунди. И Ртоска во 2020 го имале рекордот од три часа и 43 минути.

Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје и Федерацијата на планинарски спортови беа организатори на оваа трета по ред трка за скајранинг – екстремна форма на планинско трчање.  

Од Тетово учествуваше Александар Симјановски, со освоено 21 место со време од три часа, 22 минути и 56 секунди. 

Трката почна на Попова Шапка кај манастирскиот комплекс на 1750 метри надморска височина преку Церипашина, до врвот Антени 2500 метри, врвот Бакардан и на крај Титов врв.

-Карактеристика на патеката се 20 километри должина вкупно во два правци и 2000 метри денивелација искачување и спуштање.  Не мора да се трча цело време, дури и првите не трчаат цело време.  Пример Церипашина е многу стрмен успон и мора да се премине на брзо одење. Но времињата кои се постигнуваат се прилично сериозни и импресивно во планинарските кругови. Во летни услови на едно просечно подготвен планинар до Титов врв му требаат и да се врати околу 9 часа., велат од ПК „Македон“.

Учесниците на ваква трка треба да имаат големо планинарско искуство, специјална опрема со себе како што е јакна против ветер, фолија за заштита од студ, соодветна количина на течности, храна и друго.

– Попатно има две освежителни точки една е на Антени на 2500 мнв, а втората е под Титов врв. Таму секој натпреварувач има на располагање по пола литар течност и грицки, додека останатото сам го носи. На Титов врв има контролор кој го регистрира нивното доаѓање и се враќаат назад и финишираат кај манастирскиот комплекс. Самото стартно бројче има чип се времето и се отчитува на финишот, објаснуваат од планинарскиот комплекс „Македон“.

Во соработка со Федерацијата на планинарски спортови, која е полноправен член на Светската скајранинг федерација, оваа трка претставуваше и државно првенство на Македонија во скајранинг за 2021 година. Во 2019 година македонска репрезентација во скајранинг за првпат настапи на европско првенство во Италија, а оваа година целта е настап на светското првенство кое ќе се одржи во месец јули на Пиринеите во Шпанија.

А.С

Поврзани објави

Вести

Промоција на носителот и кандидатите за советници на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк

07/08/2022
Вести

Ангел Карапетров: Тетовчани заслужуваат промени-ветуваме работа, заштита на вашите интереси и борба за проекти важни за Тетово

07/08/2022
Вести

Промовиран Лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов

07/08/2022
Вести

Наумче Мојсовски: Тетово да продолжи да се развива и модернизира, Да гласаме за број 1 да гласаме за европско Тетово

06/08/2022
Вести

За четири часа 46 санкции за брзо возење на територија на СВР Тетово

06/08/2022
Вести

Пронајдена дрога во тетовско, приведени седуммина  

06/08/2022
Следна објава

За непрописно престигнување 188 санкции во цела држава, една третина на подрачје на СВР Тетово

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.